„Форд“ ја прославува стогодишнината од првата подвижна монтажна лента што ја унапреди автомобилската индустрија и отвори нови можности за сериско производство на автомобили.
Првата подвижна лента во автоиндустријата била пуштена во погон на 1 декември 1913 година во фабриката на „Форд“ во Хajланд Парк, а била развиена за потребите на побрзото и поефикасно производство на славниот „Модел Т“.
На тој начин, постапката на составување на 3.000 делови од овој автомобил во една целина била поедноставена и поделена во 84 одвоени чекори.
Благодарение на воведувањето на подвижната монтажна лента ремето потребно за изработка на едно возило било скратено од дотогашните 12 часа на само 90 минути, а цената на „Моделот Т“ опаднала д 850 на 300 долари, со што втомобилот станал масовно достапен.
Производството растично пораснало, па а крајот „Форд“ почнал да произведува по eден „Модел Т“ на секои 24 секунди.
До 1927 година биле продаденик 27 милиони примероци што во тој момент претставувало половина од вкупниот број продадени автомобили во целиот свет. „Форд“ јубилејот го искористи и да ги објави плановите за натамошен развој на компанијата.
Планот е до 2017 година компанијата да го зголеми производството за 30 отсто, а овој американски производител планира 90 отсто од капацитетите во фабриките ширум светот да бидат во функција 24 часа дневно. За истата година зацртана цел е и сите модели на „Форд“ да бидат темелени на девет глобални платформи, со што дополнително ќе се зголеми ефикасноста во производството.
„Фордовите“ автомобили денес се темелат на 15 различни механички платформи. Предвидено е во текот на оваа година од производните линии на „Форд“ да се симнат вкупно шест милиони возила, што одговара на производство од околу 16 автомобили секоја минута.