Во Собранието седници на три комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за здравство, како и Законодавно-правната комисија.

Предлог-законот за изменување на Законот за судовите, во второ читање, како и предлог-законите за прекршоци и за правда на децата, во второ читање, се на дневниот ред на Комисијата за политички систем и однси меѓу заедниците.

На седницата на Законодавно-правната комисија ќе се расправа по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, на Законот за управување со отпадот, на Законот за странци и на Законот за научно-истражувачка дејност, сите во второ читање. На агендата, меѓу другите, се и предлог-законите за прекршоци, Законот за спортот и на Законот за трговија.

Членовите на комисијата за здравство на денешната седница единствена точка по која ќе расправаат е Предлог-зкаонот за изменување и дополнвуање на Законот за лековите и медицинските помагала, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање