Министерот Ивановски во работна посета на Охрид

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска престојуваше во работна посета на Охрид, каде оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески.

Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА) соопшти дека Ивановски на средбата бил информиран за активностите на локалната самоуправа на административен план и чекорите што се преземаат за зголемување на ефикасноста на вработените, со цел да се обезбеди поквалитетен сервис за граѓаните.

Градоначалникот Бакрачески ги претставил тековните и идни проекти што се финансиски поддржани од Владата, со посебен осврт на проектите во областа на информатичкиот развој.
Министерот Ивановски нагласил дека наскоро ќе следи и дообука на поголемиот број вработени во општинската администрација преку системите за микроучење и електронско учење, како проекти на МИОА.

– Со оглед на наследениот голем број вработени во администрацијата, меѓу кои има и кадар кој бил вработен со несоодветно образование, а имајќи го предвид капацитетот на општината, се согласивме дека е неопходна дообука на поголемиот број од вработените, што ќе се спроведе преку системот за микроучење. Сите во администрацијата кои доаѓаат на обуки во Министерството се стекнуваат со корисничко име и добиваат инсталација на нивниот компјутер или телефон, со што ќе може да користат дополнителни обуки. Овој систем ќе служи како потсетник за изучуваната материја, а ќе овозможи и постојана надградба на знаењето, рече министерот Ивановски.

Градоначалникот Бакрачески информира дека во завршна фаза е тендерот за набавка на нова информатичка опрема наменета за вработените во локалната општинска администрација, со цел да се воспостави подобра координација на сите одделенија кои функционираат во рамките на општината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски