Притвор за 4-ца приведени за убиство на Тушевски во 2001 година

Од:

За четворица од петмината уапсени за убиството на Марјан Тушевски, судот изрече мерка 30 дневен притвор. Притвор е изречен и за екс шефот на обезбедување на Љубе Бошкоски, Зоран Трајковски.

Распитот на деветемина притворени траеше до доцна ноќеска. Од судот се дознава дека ниту еден не се бранел со молчење.

Има и странски државјани, за кои постои сомнение дека се вмешани во убиството и ним им е одреден притвор во отсуство.

На распит бил и Љубе Бошкоски, кој во време на убиството, бил министер за внатрешни работи. Тој е веќе во затвор на издржување казна, но за дело поврзано со изборите.

Поранешните припадници на МВР се товарат за убиство на Марјан Тушевски, извршено во 2001 година.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он