Бан Ки Мун: Оваа земја има визија за чекорење кон иднината

Од:

„Вашата земја“, „оваа земја“, со овие зборови, генералниот секретар на Обединетите нации, ја ословуваше Република Македонија, од говорницата на македонскиот законодавен дом, од „храмот на демократијата“.

Обраќањето всушност беше до граѓаните на Република Македонија, бидејќи директно се пренесуваше на собранискиот канал на Јавниот сервис.

„Вие имате цел да се приклучите кон ЕУ , Јас сум посветен да помогнам и олеснам, тука сум со пратеникот Нимиц, кој го праќам на продолжување на разговорите во Атина. Може да сметате на ОН. Ги охрабрувам претседателот, претседателот на Собранието и на Владата да демонстрираат посветеност. Двете страни мора да работат на решавање на спорот“, рече генерачниот секретар.

Јас сум генерален секретар на 193 земји, секоја има дел од моето време и срце, но секој ден ме потсетуваат на вашата земја, рече Бан Ки Мун. Спроти канцеларијата тој има слика од Васко Ташковски, слика на галеб, симболот на мирот. Тоа рече е и соновата на сите ,да се практикува толеранција, еден до друг да живееме.

Генералниот секретар во својот говор се заблагодари за водството и чекорењето за едно со ОН.

Сведоштво, рече за вашиште прогресивни политики се законите за еднакви можности, за застапеноста на жените во Парламентот.

Овој региот, потсети генералниот секретар претрпел големи трауми. Го забележал ова ехо, утре патува за Сребреница, но видел и визија за напред кон светлата иднина и да не се гледа назад. Гледа посветеност да се оди напред. Повика да се промовира разбирање на традициите на верските и етничките разлики.

Говореше за приоритетите во вториот мандат како генерален секретар: одржлив развој, превенирање на конфликти, побезбеден свет, пoдршкa на земјите во транзиција. Мора, рече да сториме повеќе за луѓето во Либија, Египет, Јемен и Сирија. Ова насилство мора веднаш да запре.

На Владата и честиташе за водството и посветеноста на Декадата на Ромите, за развој на мултиетничко општество, употреба на повеќе јазици, за отворање на вратите за бегалците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште