Во „Македонски шуми“ како самохран родител, а е среќно оженет

Од:

Не престануваат реакциите за сомнителност на целиот процес на вработување преку комјутерски систем кој по се изгледа вработува партиски кадри кои се далеку од социјално загрозени семејства. Во „Македонски шуми“ се вработи и жител на Македонски Број кој добил 20 поени за самохран родител, иако на неговиот Фејсбук профил пишува дека е среќно оженет.

По број на деца во семејство пак не добил ниту еден бод. Иако неговата сопруга работи во општина Македонски Брод, тој добил 40 бодови и во делот приходи од домаќинство. Според жители од Македонски Брод кои се јавија во редакцијата на А1он, истото семејство зема средства за трето дете, а поседуваат и транспортен камион.

Ова е уште еден случај по вчерашниот во Виница, кога се вработи сопруга на бизнисмен кој поседува пицерија и автосервис. Уште посомнително беше што провладините медиуми само два часа по извлекувањето бомбардираа со прилози во кои среќните добитници беа задоволни од начинот на кој Владата ги вработила.

Граѓаните не престануваат да реагираат дека наместо социјално загрозени семејства, комјутерот избирал партиски приврзани семејства на власта.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места