Расте бројот на чешки пензионери кои работат

Од:

Во Чешка постепено се зголемува бројот на пензионери кои наместо да одат на заслужен одмор по завршувањето на работниот век, наоѓаат дополнителна работа.

Додека во 2010 година биле вработени 129.600 пензионери на возраст до 70 години, во првата половина од оваа година, тој број е 145.100.

Резултатите, како што јави дописникот на МИА од Прага, денеска на прес-конференција ги соопшти Чешкиот завод за статистика (ЧСУ).

– Секоја година се зголемува бројот на вработени пензионери, кои примаат пензија и се уште продолжуваат со работната активност, вели Даниел Хитил од ЧСУ.

Според неговиот колега, Ендрју Нивлт, моментно стапката на вработеност на пензионерите не е премногу висока, иако бележи зголемување и достигнува 11,5 проценти.

Главната причина за тоа што учеството на пензионерите меѓу вработените не е поголемо е малиот број работни места со скратено работно време, тврдат експертите.

При анкетите се покажало дека голем интерес за работа и по одењето во пензија имаат и луѓето кои сега се на возраст пред пензионирање. Според наодите на статистичарите и по исполнувањето на условите за пензија и земање на паричен надомест, околу две петтини од лицата (460.000) би сакале да продолжат со некоја работна активност.

Старосната граница за пензионирање во Чешка постојано се зголемува. Претходно, имаше разлика во остварувањето на старосната пензија кај мажите и жените кои се грижеле за две деца, додека според најновите прописи таа полова разлика повеќе не постои.

Лицата кои се родени во 1977 година ќе заминат во пензија на 67 години, додека пак родените во 2013 година, право на старосна пензија ќе остварат на 73 години.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница