ВИДЕО: Сеуште не е идентификувана жртвата од пожарот во хотелот „Д’хаус“

Од:

Сеуште не е идентификувана жртвата од вчерашниот пожар во хотелот „Д’хаус“ или поранешен Гранит на Попова Шапка. Иако првично беше информоирано дека нема жртви, ниту повредени, при гасењето во една од просториите бил пронајден изгорен човечки труп.

По наредба на истражен судија, попладнето трупот е извлечен  и пренесен во Институтот за судска медицина во Скопје, каде треба да се изврши обдуција и идентификација.

Полицијата информираше дека на скалите пред влезот на хотелот бил пронајден мобилен телефон, што го користел 49-годишен жител на тетовска Мала Речица, но сеуште не е познато дали телефонот е на жртвата.

Во некои медиуми се појавија неофицијални информации дека жртвата е крадец кој провалил во хотелот. Други пак објавуваат дека неофицијално се работи за Рухи Бакиу, кој е професор на Штуловиот универзитет и член на Регулаторната комисија, бидејќи пронајдениот телефон наводно бил негов.

Пожарот се случил вчера околу пладне. Пред да избувне огнот, се слушнала кратка експлозија. Се проширил во целиот објект, зафаќајќи ја и покривната конструкција.

Вчеразапочнатиот увид ќе продолжи и денеска со учество на екипи од МВР и СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител.

Потоа треба да се расветли како настанал пожарот, колкава е штетата, идентитетот на жртвата и се останато поврзано со случајот.

Полицијата информираше и дека хотелот Гранит три години како закупец го користел  28 годишен скопјанец, а надвор од зимската сезона обично бил затворен и без гости.

 

Би можело да ве интересира

ЦУК: Активни се четири пожари, два се под контрола, а изгаснати се 23 пожари

Активни се четири пожари на три локации во земјава

Томевски: Десет противпожарни возила го гасат пожарот во депонијата „Дрисла“ кој избувна попладнево

Ангелов: Постојат сомненија дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Голем пожар на скопската депонија „Дрисла“

Горан Наумовски

Опожарени се помошни простории на викендица во вчерашниот пожар кај Раштак