Седуммина загинати во 31 експлозија во Тајланд

Од:

Седум лица загинаа, а 22 се ранети при серија експлозии на бомби во јужните региони на Тајланд, соопштија тајландските власти.

Како што јави ДПА, во провинциите Јала, Патани, Наративат и Сонгкла синоќа и изутринава експлодирале 31 бомба, при што се предизвикани се неколку пожари.

Бомбите биле поставени на банкомати, покрај патишта или биле насочени кон воени патроли.

Во експлозиите загинале петмина војници и двајца цивили, а десетмина војници и 12 цивли се ранети.

Бомбашките напади во Тајланд претходно ги извршуваа муслиманските бунтовници, кои се борат за независност во земјата, која е населена претежно со будисти. Според извор од разузнавањето, кој посакал анонимност, најновите напади се одмазда за неодамнешната смрт на познат бунтовник, кој бил ликвидиран од властите.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач