Името на ќерката на чешкиот претседател вмешано во порно скандал

Од:

Според видео што го објави чешкиот жолт печат, ќерката на чешкиот претседател Милош Земан присуствувала на забава со сексуални оргии, јави дописникот на МИА од Прага.

Иако Кабинетот на претседателот негираше дека то се случило, жолтиот печат веќе неколку дена објавува снимени материјали и изјави на присутни дека таму навистина била Катерина Земанова и тоа како платена придружничка.

Ќерката на Земан беше активно вклучена во кампањата на нејзиниот татко пред претседателските избори и се појавуваше секаде со него додека нејзината мајка се вклучи во јавниот живот дури по неговиот избор за претседател на Чешка.

milos-zeman-katerina-zemanova

По неговата инаугурација, Земан дури и го измисли терминот „прва госпоѓица“, изјаснувајќи се дека неговата ќерка ќе го придружува на службените патувања и средби секаде каде што ќе има можност.

Токму тоа, за одредени аналитичари е причината поради која толку остро се следи осумнаесетгодишната ќерка на претседателот.

Притоа, Земанова, кратко по изборот на нејзиниот татко за претседател имаше можност пред јавноста да признае дека има „младешки гревови“.

При едно гостување на државната телевизија, кога беше објавено видео на кое таа прави пародија, имитирајќи го говорот и гестикулациите на нејзиниот татко, водителката ја праша дали не постои уште некое слично инкриминирачко видео.

Тогаш Земанова нервозно одговори: „Јас мислам дека немам што да кријам“.

 

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница