Повик до стружани да постават македонски знамиња на балконите за 11. Октомври

Од:

Во пресрет на Националниот празник 11. Октомври Невладината организација „Каприкорн“ од Струга ги повикува стружани самоиницијативно да постават македонски знамиња на балконите од своите станови и куќи или пак да се обратат до нив како невладина организација за да добијат македонско знаме доколку немаат.

Со оваа иницијатива како што велат сакаат да му покажат црвен картон на градонаначлникот на Струга Зијадин Села, бидејќи во изминатиот период се случувало за време на државни празници во Струга да не бидат поставени држани знамиња или пак тие да бидат поставени во мал број.

struga-znaminja1

„Ова ќе биде црвен аларм да ја потсетиме локалната власт на должностите кои произлегуваат од законот. Затоа ги повикуваме сите заинтересирнаи граѓани кои имаат балкони и прозори свртени кон главните улици и крстосници во градот, а би сакале да постават државно знаме во пресрет на празникот 11. Октомври да се обратат до нас како невладина организација „Каприкорн 2010” Струга“, рече Васко Јолевски претседател на НО „Каприкорн“.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра