Властите во Мексико уапсија 13 федерални полициски службеници, осомничени дека се членови на група киднапери и убијци, која оперира во туристичкото одморалиште Акапулко, на пацифичкото крајбрежје во Мексико.
Според „Асошиејтед прес“, со полицајците се приведени уште четири мажи и една жена, за кои постои сомнеж дека се вмешани во убиствата на киднапираните.
Владата на Мексико се соочува со пораст на случаи на киднапирања и уцени, иако многумина не ги пријавуваат злосторствата, бидејќи немааат доверба во полицијата.
Елена Георгиевска