Нетанјаху: Oдносите меѓу Израел и Турција да се нормализираат

Од:

Зголемената нестабилност во регионот бара нормализирање на односите меѓу Израел и Турција“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Турција и Израел се две важни, моќни и стабилни држави во регионот… Ние сме должни да најдеме патишта за обновување на тоа ниво на односи, кое сме го имале претходно… Тоа е посебно важно сега со цел да се стабилизира целосната ситуација во регионот, истакна Нетанјаху.

Некогаш блиските односи меѓу овие две земји беа речиси прекинати по инцидентот во Средоземното Море во пролетта 2010 година, кога израелски командоси убија деветмина Турци на брод, кој патувал кон Појасот Газа. Израел се уште одбива да и се извини официјално на Турција и да плати обештетување на семејствата на загинатите.

Медиумите оценуваат дека изјавата на израелскиот премиер е поврзана со настаните во Сирија, земја која граничи и со Израел и со Турција.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците