Во Собранието седници на повеќе комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за европски прашања, за еднакви можности на жените и мажите, за труд и социјална политика, за економски прашања и за финансирање и буџет.

Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за научно-истражувачката дејност, како и  Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спортот, во второ читање се на дневниот ред на седницата на комисијата за образование, наука и спорт.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе продолжат со надзорната расправа на тема „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош-ИПА во Република Македонија“.

На седницата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе биде презентиран Извештајот за спроведување на Акцискиот план на Република Македонија за имплементација на Резулуцијата на ОН 1325 (жени, мир и безбедност).

За Предлог-законот за дополнување на Законот за вработување и работа на странци, во прво читање, ќе се расправа на седницата на комисијата за труд и социјална политика.

На дневниот ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, во второ читање.

Со расправата за Предлог-изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2013 година, на денешнмата седница ќе продолжат и членовите на комисијата за финансирање и буџет.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on