Папата Франсис за следната година закажа вонредно заседание на Синодот на бискупи, на кое ќе се разгледува ставот на Католичката црква околку можноста за стапување во нов црковен брак на разведени лица, најави денеска портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди.
Синодот или Советот на бискупи би требало да се одржи од 5 до 19 октомври 2014 година и тоа ќе биде трето заседание на ова тело од неговото формирање во 1965 година.
Вонредното заседание на дневен ред ќе ја има темата „Предизвиците на пастирското семејство во контекст на евангелизацијата“ и, покрај останатото, ќе се занимава со прашањето за можноста за склучување нов брак „пред Господ“ меѓу оние кои се разведени.
Поводот за расправа е критиката на Ватикан упатена до германската епархија Фрајбург поради преземањето чекор со кој на разведените им се овозможува повторно да стапат во брак, што Црквата го забранува.
Според западните медиуми, папата Франсис е поумерен од Бенедикт Шеснаесетти и неговиот претходник и сака Црквата да го модернизира својот однос кон современото семејство.