Четиринаесет филмови на 9. Фестивал на новиот германски филм од 10-ти до 16 октомври

Од:

Со комедијата „Претежно ведро“ на режисерот Марко Петри, снимен минатата година, в четврток во кино „Милениум“ ќе почне 9. Фестивал на новиот германски филм, кој под мотото „Го сакам филмот“ ќе трае до 16 октомври.

Ќе бидат прикажани 14 филмови кои се пресек на најдоброто од новата германска кинематографија, во организација на Амбасадата на Германија во Скопје и банката со германски капитал ПроКредит.

Од петок, 11 октомври, до крајот на фестивалот, проекциите ќе бидат во киното „Фросина“ со две вечерни проекции, од 19 и од 21 часот, по цена од 100 денари за влезница. Покрај во Скопје, фестивалот ќе се одржува уште во осум градови – Велес, Штип, Тетово, Прилеп, Битола, Струмица, Кавадарци и годинава првпат во Куманово.

germanski-film (1)

Филмот од отворањето (Претежно ведро) ќе биде прикажан и во петок, а во вториот термин, од 21 часот, тој ден е и  драмата „Невидливата“. На 12 октомври ќе бидат прикажани „Руско диско“ и „Големиот сон“, на 13 октомври на програмата се „Човек го прави тоа што го може“ и  „Секогаш другите се виновни“, потоа „До хоризонтот, па лево“ и „Ох, момче“ (14 октомври), „Слава“ и „Викенд“ (15 октомври) и документаците „Мојот пат до Олимпијадата“ и „Капетанот и неговиот пират“ (16 октомври). Во деновите на викендот од 11 часот ќе бидат прикажани филмови за деца  – во сабота „Јоко“ и во недела „Петмина пријатели“.

– Филмовите се на германски режисери, повеќето од нив млади, не се блокбастери како во американската продукција, туку филмови кои се прикажани и се гледани во германските кина. Ги има од различни жанрови и за сите генерации – комедии, драми, трагедии, филмови за деца, документарци, екранизации… рече на прес-конференција Хелга Тајпел, аташе за култура во Германската амбасада. Таа е во Македонија еден месец и рече дека е изненадена од бројот на луѓе што овде го зборуваат германскиот јазик, додавајќи дека културата е најважен столб на надворешната соработка.

Претставниците од ПроКредит банка, како партнери на фестивалот, се задоволни од посетеноста на проекциите во минатите години. Лани имало 10.000 гледачи и затоа од година во година се зголемува бројот на филмови што се прикажуваат, градовите каде што тој гостува и деновите на траење. Пред девет години фестивалот почна само со три филма во Скопје, а оваа година трае шест дена во девет градови и има 14 филмски наслови.

На годинашното издание ќе нема гости од екипите на филмовите кои се на програмата, но не е исклучено да има следната година кога Фестивалот на новиот германски филм ќе одбележи јубилеј од 10 години.

Би можело да ве интересира

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано