(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Сите јавни претпријатија во општина Куманово се во загуба

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини за лошо работење на јавните претрпијатија во Куманово каде што градоначалник е Зоран Дамјановски од СДСМ.

Пратеникот Јордан Пачков на прес-конференци посочи дека низата загубари во Куманово, покрај ЈП Водовод е и ЈП Куманово гас. Според него, поставувањето на новиот директор на ЈП Куманово гас, Драган Петровски, само го потврдил непотизмот во редовите на СДСМ. Тој рече дека таткото на Драган Петровски бил близок пријател на градоначалникот Зоран Дамјановски и како адвокат ја застапувал општината долги години.

– Ваквото константно недомаќинско работење и именување на кадрите на СДСМ го доведоа Куманово пред целосно уништување. Директна штета од лошото поставување и раководење на кадрите во општината од страна на СДСМ имаат само граѓаните на Куманово. ЈП Куманово гас бележи постојана загуба од над 30 милиони денари. Долгот на ЈП наместо да се намалува, тој од тримесечје во тримесечје постојано се зголемува. Во првото тримесечје во 2013 година ЈП Куманово Гас бележи загуба од 1,2 милиони денари. Веќе во второто тримесечје во 2013 година ЈП Куманово Гас бележи загуба од 2,8 милиони денари, рече Пачков.

Лошото работење на градоначалникот и кадрите на СДСМ, според него било потврдено пред десетина дена на последната седница на Советот на општина Куманово кога мнозинството донесе одлука, која не е поддржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, да се зголеми основачкиот влог на претпријатието на седум милиони денари.

Оваа одлука оди на директна штета на граѓаните бидејќи парите за зголемување на влогот ќе бидат обезбедени од парите наменети за јавното осветлување четири милиони денари и од парите обезбедени за изградба на нови патишта и одржување на патишта три милиони денари, изјави Пачков.

Посочи дека јавното осветлување е под директна надлежност на ЈП Куманово Паркинг претпријатие кое исто така е загубар.

– Од шупливо во празно, па така двете претпријатија одат во загуба. Јавните претпријатија во општина Куманово се во очајна состојба. Сите јавни претпријатија во општина Куманово се во загуба. Зоран Дамјановски општината ја доведе пред банкрот, а градот пред целосен колапс, обвини Пачков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работеа со визија, во многу општини го надминаа ветеното

Горан Наумовски