Прототипот на новиот „Ауди РС3“ е фотографиран во близина на патеката Нирбургринг, на која повеќето производители ги испитуваат возните карактеристики на своите нови модели.
„Ауди“ работи на најсилната верзија од третата генерација на моделот „А3“, а на фотографиите на прототипот може се види дека во оваа развојна фаза инженерите за тестови користат каросерија од актуелниот „Ауди С3 Спортбек“
Се верува дека под хаубата на тест прототипот се наоѓа 2.5-литарски турбо-полнет петцилиндричен мотор што се користи и во актуелната верзија на моделот „РС3“. Меѓутоа, се очекува за потребите на новата генерација на компактниот тркач на „Ауди“ овој мотор да биде засилен на околу 360 кс.
Снагата ќе се испорача на сите четири тркала со помош на Кватро системот. Благодарение на новата MQB платформа „РС3“ ќе биде полесен од претходникот, што треба да го направи поконкурентен со најголемиот ривал – „Мерцедесу А45 АМГ“, што исто така располага со 360 кс.
Иако претходната верзија е на пазарот од пред само две години, во желбата да и парира на конкуренцијата, „Ауди“ може да го претстави наследникот веќе на женевскиот авто-салон, во март 2014 година, со што актуелниот „РС3“ ќе има пократок век од вообичаено.