Хрватска го одбележува Денот на независноста

Од:

Хрватска денеска го одбележува Денот на независноста, на кој пред 22 години хрватскиот Сабор одлучи да го прекине државно правниот однос со некогашна Југославија.

Весникот „Вечерњи лист“ потсетува дека двајца актуелни политичари и тогаш биле политички ангажирани, претседателот на Саборот, Јосип Леко бил деловен директор на СДП, додека денешниот претседател на ХДЗ Томислав Карамарко, како член на таа партија партиципирал во власта.

Актуелниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ бил универзитетски професор, а во универсзитетските води, како што пишува весникот била и потпретседателката на Владата и лидер на Хрватската народна партија, Весна Пусиќ.

Најмладиот од нив, премиер Зоран Милановиќ, тогаш имал 25 години и штотуку дипломиран на Правниот факултет, го одработувал приправничкиот стаж, пишува весникот. Јосиповиќ им упати на хрватските граѓани честитка по повод Денот на независноста, нагласувајќи дека независноста е темел на изградба на општество на слободата и човековите права, но и на заедничката одговорност за идниот развој.

Премиерот Милановиќ, пак, нагласи дека на одбележувањето на овој ден сите граѓани на Хрватска со длабоко почитување треба да се присетат на сите оние кои ги дале своите животи во одбрана за татковината.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег