Трошоците на живот во септември зголемени за 0,2 проценти

Од:

Трошоците на живот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември во однос на август годинава се зголемени  за 0,2 проценти, а споредено со септември лани за 1,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во септември во однос на август пораст на трошоците на живот е забележан во групите: „здравје“ за 6,4 проценти, „домување, вода, електрика, гас и др. горива“ за 1,2 проценти, „транспорт“ за 0,9 проценти, „рекреација и култура“ за 0,7 проценти, „алкохолни пијалаци, тутун“ и „облека и обувки“ за 0,4 проценти, „останати стоки и услуги“ за 0,3 проценти, „комуникации“ и „ресторани и хотели“ за 0,1 процент. Намалување на трошоците на живот е забележано во групите „мебел, покуќнина и одржување на покуќнина“ за 0,8 проценти и „храна и безалкохолни пијалаци“ за 0,7 проценти.

На ниво од претходниот месец останале трошоците во групата „образование“.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он