Американец осуден на 14 години затвор за финансирање на Ал Каеда

Од:

Американскиот бизнисмен Халид Вазани, кој се изјасни за виновен за финансирање на Ал Каеда, вчера беше осуден на 14 години затвор, пренесоа американските медиуми.

Судот не ги уважи аргументите на неговит адвокат, кој повика судијата да покаже милозливост, истакнувајќи дека неговиот клиент го презел ризикот да стане информатор на власта.

Во 2010 година 35-годишниот бизнисмен се изјасни за виновен за банкарска измама, перење пари и заговор за финансирање на терористичка група.

Федералните обвинители од Канзас пред судот изјавија дека тој обезбедил над 23.000 долари за Ал Каеда и дека ветил уште пари. Се надевал дека ќе замине за Блискиот исток и дека ќе се вклучи во борбата против САД.

Вазани на Ал Каеда и ја дал заработката од 17.000 долари, добиена од продажба на апартманот во Дубаи. Тој на организацијата и испратил и 6.500 долари од продажбата на сопствениот бизнис.

Вазани, татко на две деца, американски државјанин станал во 2006 година, а во 2008 година се заколнал на верност кон Ал Каеда. Федералните служби соопштија дека Вазани бил дел од мала терористичка ќелија, заедно со Сабирхан Хасаноф и Весам ел Ханафи, двајцата од Њујорк. Откако бил фатен и обвинет за 33 кривични дела, Вазани ги открил другите двајца од ќелијата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија