Бан Ки-мун предлага создавање заедничка мисија на ОН и Организацијата за забрана на хемиско оружје за Сирија

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун предлага формирање заедничка мисија на Обединетите нации и на Организацијата за забрана на хемиско оружје, наменета за уништување на сирискиот хемиски арсенал.

Во извештајот, доставен вчера до Советот за безбедност на ОН, Бан посочи дека мисијата може да се состои од околу сто лица и да биде базирана во Дамаск и на Кипар.

– Со оглед на сегашната ситуацијата присуството на заедничката мисија во Сирија ќе биде ограничено, во земјата ќе биде распореден само оној персонал, чие присуство е неопходно за исполнување на поставените задачи, се вели во извештајот.

Канцеларијата во Дамаск ќе служи како оперативна база, а на островот Кипар може да се создаде уште една база, која ќе го поддржува уништувањето на сириското хемиско оружје, предлага генералниот секретар на ОН. Екипите, кои ќе бидат испраќани во Сирија за инспекција и за други цели, првично ќе бидат испраќани во таа логистичка база на Кипар за планирање на претстојните мисии, се додава во извештајот.

Бан исто така предлага да се назначи специјален координатор, кој ќе се занимава со прашањата, поврзани со уништување на сириското хемиско оружје.

– Заедничката мисија ќе биде предводена од цивилен координатор, кој ќе биде назначен од мене по детални консултации со генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје, се вели во извештајот.

Специјалниот координатор ќе им поднесува извештаи на ОН и на Организацијата, ќе ја усогласува работата со заедничката мисија и ќе соработува со сириската Влада, опозицисиата и меѓународната заедница, додаде Бан.

Мал тим од 20-тина експерти на ОН и на Организацијата веќе се наоѓаат во Сирија од 1 октомври, за да го уништат сирискиот хемиски арсенал.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ