Француската компанија одлучи да влезе на пазарот на хибридни возила, а првите модели се очекуваат до 2020 година. Директорот на Рено за погонска стратегија Лес Ехос изјави дека компанијата постепено ќе воведе хибриди во својата понуда.
Според него компанијата работи на „сета достапна технологија“, што значи дека во план има се, од „благи“ хибриди до плаг-ин хибридни возила.
Претставникот на компанијата нагласи дека постои можност претставување на хибриден Дачиа модел, доколку хибриден Рено модел не добие зелено светло.
Првиот хибрид од Рено може да се очекува да биде сериската верзија на „Инишл Парис“ концептот, претставен како замена за популарниот „Еспас“.