Сони претстави нов водоотпорен Вокмен В274С, првентсвено наменет за корисници што сакаат да слушаат музика надвор од удобноста на својот дом.
Уредот со тежина од само 29 грама доаѓа со специјално дизајнирана „бубачка“ што на корисникот му овозможува да слуша музика додека и додека плива.
Вокмен В274С може да се користи на длабочина до два метри, а вградената меморија од 8 ГБ е доволна за околу 2.000 песни во МП3 формат. Вградената батерија овозможува 8 часа користење на уредот.
Сони новиот Вокмен на европскиот пазар ќе го претстави до крајот на октомври по засега непозната цена.