Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун пристигна во Охрид

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун вечерва пристигна на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, со што ја започна официјалната посета на Република Македонија.

Првиот човек на светската организација на охридскиот аеродром го пречекаа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски, заедно со посредникот на ОН во спорот за името со Грција Метју Нимиц, кој исто така денеска допатува во Македонија.

Делегацијата и високиот гостин веднаш се упатија кон резиденцијалната вила „Билјана“ каде што Бан Ки-мун ќе биде пречекан од претседателот Ѓорѓе Иванов, кој во негова чест приредува свечена вечера на која ќе присуствуваат и сопругите на двајцата политичари.

Според протоколот, предвидено е Бан Ки-мун да се сретне и со учесниците на Школата за лидери што се организира под покровителство на претседателот Иванов. Утре наутро ќе се одржи тет-а-тет средба Иванов – Ки-мун, по што е предвидена заедничка прес-конференција.

Генералниот секретар на ОН утре ќе ги разгледа и културно-историските знаменитости на Охрид. Ќе ги посети Плаошник, Галеријата на икони и црквите Св. Богородица Перивлепта и Св. Софија, а во знак на сеќавање од претседателот Иванов на подарок ќе добие резба со историски мотиви.

За посетата на високиот гостин во Охрид преземени се посебни мерки – од естетски и од безбедносни причини. Отстранети се сите контејнери за отпадоци од сообраќајната траса низ градот каде е предвидено да минува делегацијата, лежечките полицајци, паркираните автомобили. Градските јавни служби изминатите неколку дена интензивно го расчистуваа и хортикултурно уредуваа градот, пред се централното градско подрачје.

Посетата на Македонија Бан Ки-мун утре ќе ја продолжи во Скопје, каде што ќе се обрати во Парламентот и ќе има средба со премиерот Никола Груевски.

Се очекува во разговорите со државниот врв да доминира прашањето за спорот за името, но без нов конретен предлог од медијаторот Нимиц. Според најавите, на средбите со Иванов и Груевски ќе биде отворено и прашањето за грижата за Охрид како светско културно и природно богатство заштитено од телото на ОН – УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство