„Ролс Ројс“ ја напушта традицијата – го подготвува својот прв „теренец“

Од:

Директорот на „Ролс-Ројс“ потврди дека нивниот тим дизајнери работи на ексклузивен СУВ модел. Британскиот магазин „АуроЕкспрес“ предвидува како може да изгледа првиот теренец на „Ролс-Ројс“.

Се чини дека „Емили“, симболот на предниот дел на автомобилите на „Ролс“, во следните неколку години ќе нафрли некој килограм.

„Ролс-Ројс“ еден од производителите на автомобили кои најверно се држеше до својата традиција се подготвува за влез на пазарот на СУВ возила. Причина за отфрлање на традицијата, како што најчесто се случува, е желбата за заработка.

Според директорот на компанијата „Ролс-Ројс“, Торстен Милер, постои многу важна група млади купувачи кои се во своите 20-ти или 30-ти години, а кои се „супер богати“ и кои сакаат „Ролс“, но не лимузина. Овие млади богаташи, според него, се „спортисти, музичари, но и Кинези“.

– СУВ сегментот е многу интересен. Постои голема побарувачка за такви возила и јас сум отворен за тоа, изјави директорот на компанијата „Ролс-Ројс“.

Дизајнерите на магазинот „АутоЕкспрес“ се потрудија да ни претстават како овој СУВ би можел да изгледа користејќи го актуелниот дизајнерски јазик применет врз моделите „Гоуст“ и „Рајт“.

Мислиме дека е јасно зошто „Ролс-Ројс“ сака да произведе СУВ и на кого му е наменет.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска