Жителите на Јеловјане со жив штит ги бранат изворите над селото

Од:

Жителите на тетовското село Јеловјане со жив штит поставија блокада со која ги спречија работниците и претставниците на општина Боговиње да стигнат над селото, каде што пред три дена започнале со градежни работи за изградба на водовод за село Палчиште.

Тие реагираат дека за тоа општината воопшто не ги консултирала и дека со зафаќањето на планинските извори остануваат без вода за стоката, а со градежните работи ќе им се загрози и приватниот имот каде што ќе минуваат цевките и градежната механизација.

„Никој овде не се обратил во селово, така самоволно, на насилен начин поминале булдожери и се хара. Поминале низ мои ниви, не ни прашале. Ова е еден вид насилство, притисок . Нека кажат јавно зошто се врши ова нешто“, изјави Неџип Фејзулаи, жител на Јеловјане.

„Овде веќе се земени огромен број извори, останале уште тие две-три изворчиња. Ќе остане месното население и стоката што се напасува на Шар Планина без вода, буквално селото страда. Ако на ова месно население им ја одземете водата, шумата, пасиштата луѓево да земеме да ги отселиме и да ги носиме каде што сакате“, реагира Џевдед Алими.

По кратката консултација во просториите на месната заедница, работниците и општинарите се вратија назад.

Градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи, рече дека за проектот за водоснабдување на Палчиште е добиена дозвола за корисничко право од надлежното Министерство за животна средина, додека градежна дозвола издала општината со што целосно е испочитувана законската процедура, а при изградбата ќе биде запазен и законскиот миминум 25% од водата од изворите да не се земе во системот за пиење со цел да се зачува и околината.

Г.М.

 

 

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски