ОН очекува нови два милиона сириски бегалци во 2014 година и 2,25 милиони луѓе да бидат раселени на територијата на Сирија.
Агенциите на ОН се поготвуваат да упатат нови апели за помош на жртвите од конфликтот кој почна во март 2011. Претставници на 10 агнеции, Меѓународната организација за миграција и други 18 хуманитарни групи се сретнаа на 26 септември во Аман за да ја планираат својата стратегија за 2014 година.
Во документот се вели дека при планирањето на потребите за бегалците во 2014 година ќе бидат земени предвид и оние кои пристигнуваат во Европа и Северна Африка. УНХЦР соопшти дека 17 држави од кои 12 европски се вклучени во програмата за прифаќање бегалци од Сирија.