Линкевичиус: Македонија е конструктивна во преговорите за името

Од:

Министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус во интервју за Канал 5 вели дека Македонија направила голем напредок во реформите како и во напорите да го реши проблемот со името.

– Еден од нашите приоритети е отворена Европа, но и доверлива и се поголема Европа. Треба да ги продолжиме контактите со сите земји што сакаат да се приклучат во Европската Унија. Вашата земја е една од нив и јас сум тука за да покажам солидарност и поддршка и за да го поздравам постигнатиот напредок досега. Јас се надевам дека извештајот ќе биде позитивен. Таа препорака ќе биде петта по ред, но важна е. Не знам колку пати сме повториле, но подобро е да се потсетиме. Затоа, ќе продолжиме така, вели Линкевичиус.

Литванскиот министер вети заложба за да ги приближи Скопје и Атина до решение. Тој за проблемот со името лично од медијаторот Нимиц во Њујорк се информирал за последните случувања во преговорите.

– Лесно е да се каже, тешко да се направи, но сепак мора да се постигне таков договор. Верувам дека е можно. Го поздравувам вклучувањето на генералниот секретар на ОН и неговата изјава, Бан Ки Мун, кој исто така сака да помогне. Сите би сакале да видиме напредок. Ако напреднете со ова прашање, веројатно тоа би ги отстранило поголемиот дел од пречките на вашиот долг пат не само до европската, туку и до евро-атлантската интеграција, посочува Линкевичиус.

Според него, разбирлива е демотивираноста што преовладува кај македонските граѓани поради предолгото чекање да се започнат преговорите со ЕУ.

– Ние, како Литванци, не само како претседателство, би сакале целиот Балкан да биде дел од евро-атлантското семејство, а тоа не е важно само за вас, туку и за Европа. Кој би го порекнал тоа? Но, би повторил, кој би можел наместо вас да ги изврши реформите? Треба да разберете и дека ве чека долг пат и не треба да ја изгубите мотивацијата. Знам, понекогаш е тешко, трае долго, повторувате циклуси на дијалог за влез во НАТО и имплементација на Акцискиот план за членство, додава Линкевичиус во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски