Еден руски интернет портал денес објави фотографија од поранешниот службеник на американската известувачка служба, Едвард Сноуден, од добивањето азил во Русија.
Порталот „Лајф њуз“ доби доказ дека Сноуден се наоѓа во Москва, пишува на сајтот на кој што се гледа маж во една продавница.
-Очигледно е дека тоа е Сноуден, но ќе се воздржам да потврдам дека живее во Москва-изјави за порталот, адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучерена.
Сноуден од 1-ви август се нема појавено во јавноста, по добивањето привремен политички азил во Русија, откако помина еден месец во транзитната зона на московскиот аеродром.
Тој објави тајни податоци од американската програма за прислушкување и надзор над комуникациите ширум светот.
Рускиот портал тврди дека платил 2.300 евра за таа фотографија. Кучерена во септември изјави дека неговиот клиент се наоѓа на сигурно место и дека „слободно шета по улиците“.
-Да помине покрај вас, сепак нема да го препознаете. Се облекува поинаку и има нов изглед-изјави тој.
Елена Георгиевска