Во Шведска уапсен маж осомничен за трговија со луѓе

Од:

Маж на 43-годишна возраст е уапсен во Шведска во врска со истрагата за шверц на луѓе, предизвикана од саботниот протест пред бугарската амбасада во Стокхолм на околку 200 бугарски државјани, кои допатувале во Шведска за да работат како берачи на ситно овошје, но потоа утврдиле дека се измамени.

Портпаролката на полицијата во градот Упсала (северно од Стокхолм) не даде повеќе информации за идентитетот на притворениот.

Бугарските берачи го обвинуваат мажот дека ги најмил со аргументот дека овогодинешната реколта на боровинки е исклучително добра.

Откако пристигнале во Шведска со автобус, берачите утврдиле дека реколтата е многу слаба поради лошото време, а исто така дека треба да живеат при сурови услови во импровизирани кампови без никакви хигиенски услови.

Над 400 од нив се сместиле во близина до селото Мехедеби. Локалните жители од селото се пожалиле на штети, а Бугарите изјавија дека биле нападнати со камења ноќта на 19 јули.

Бугарската амбасада денеска соопшти дека дел од берачите повеќе не се таму и се обидуваат да се вратат во татковината.

Како граѓани на ЕУ бугарските берачи законски престојуваат и немаат потреба од дозвола за работа, за да дојдат во Шведска.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица