Во Воената академија во Скопје денеска свечена заклетва ќе дадат питомците – студенти од првиот циклус на студии во учебната 2013/2014 година.
Заклетва ќе дадат 31 питомец од 17-та генерација на Воената академија, од кои 26 се од Република Македонија, по двајца од Косово и од Црна Гора и еден од Босна и Херцеговина.
На свеченоста ќе присуствува и ќе се обрати министерот за одбрана Талат Џафери.