Monster truck, удрил во трибина со гледачи кои присуствувале на егзибиција на север на Мексико, при што убил осум гледачи, меѓу кои и две малолетни деца, додека 47 лица се повредени.
Околу 3.500 луѓе присуствувале на егзибициите на посебно опремени камиони со големи тркала, кои преминувале преку автомобили, кога еден Monster truck, ја изгубил контролата и удрил во публиката ви градот Чихуахуа кај границата со САД, пренесе „Франс прес“.
Двајца малолетници се помеѓу жртвите, а најмалку 35 од 47 повредени се преместени во локалната болница.
Станува збор за трета годишна егзибиција, која обично привлекува вкупно 200.000 лица.
Елена Георгиевска