Етно ден на млади фармери

Од:

Во организација на федерацијата на фармери денеска во струмичкото село Габрово ќе се одржи манифестацијата „Етно ден на млади фармери“. Нејзината цел е промоција на традицијата и заживување и унапредување на руралниот живот, преку негување на подзаборавените традиционални обичаи, како и пренесување на порака за развој на руралните средини и отворање на бизниси на овие места каде што носители на бизнисите се млади лица.

Преку оваа манифестација младите фармери од Македонија сакат да го заживеат и унапредат животот во селото, промовирајќи ги подзаборавените традиционални обичаи и прикажувајќи го проблрмот на миграцијата.
Во рамки на Манифестацијата предвидена е богата програма со македонски народен мелос, традиционални јадења и изложба на фотографии од претходните денови на „Етно ден на млади фармери“.
Според официјалните статистички податоци со кои располага ФФРМ за 2012 година, од вкупните внатрешни миграциски движења околу 50 проценти му припаѓаат на население до 30 години. Од 1981 до 2002 година, бројот на млади луѓе до 19 години се намалил од 41 на 32.2 проценти, додека населението на возраст од 65 и нагоре се зголемил од 8 проценти на 10.6 проценти. Незадоволителна рурална возрасна структура најмногу е присутна во Пелагонискиот, Источниот, Вардарскиот и Североисточниот регион.
„Етно ден на млади фармери“ се организира по трети пат во Габрово и е подржана и од Општина Струмица, Мрежата за рурален развој и ПроКредит банка.

Би можело да ве интересира

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски