ЦИА: Како е прекината офанзивата на РС?

Од:

Поранешниот претседател на СРЈ и Србија, Слободан Милошевиќ ги молеше Американците да запрат со офанзивата на Бања Лука, а тие тоа го направија. Меѓутоа тие тоа го направија не затоа што реагираше Милошевиќ, туку затоа што тој град според некои преговори повторно ќе им се вратеше на Србите, наведе претставникот на САД, Ричард Холбрук.

Холбрук во еден од 300 објавените документи на ЦИА, од кои неодамна е отстранета ознаката доверливо, посведочи за тоа како е запрен нападот на Бања Лука или како се донасоа најважите одлуки за мировни преговори.

-Милошевиќ не молеше да запреме со акцијата, пред силите да стигнат до Бања Лука. Ние тоа го направивме бидејќи верувавме дека доколку им дозволевме на Хрватите и Бошњаците да ја заземат Бања Лука ќе имаше 200.000 бегалци, а со кои било преговори таа повторно ќе им беше вратена на Србите-навел тој, пренесе весникот „Слободна Босна“.

Според него претходно и Вашингтон официјално побарал офанзивата да запре, но како што вели не се согласиле, бидејќи сакале Хрватите и Бошњаците да направат што поголем воен напредок.

-Речиси сите во Вашингтон од нас бараа офанзивата да запре порано, односно да дојде до прекин на огнот, како и да се одреди жолта и црвена линија кон хрватскиот напредок на исток. Не се согласивме бидејќи сакавме Хрватите и Бошњаците да направат што е можно поголем воен напредок. И поради тоа што не дававме јасни инструкции за запирање, општа оценка на Вашингтон беше да ни ја препушти конечната одлука, а ние дозволивме офанзивата да продолжи-наведе Холбурк, во еден од документите на ЦИА, додавајќи дека тоа сепак е направено по реакција на Милошевиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија