Семејството Симпсон со своите авантури ќе продолжи и во 26-та сезона, најавија од телевизијата Фокс.
Една од водечките анимирани американски серии воедно е и анимирана серија со најдолг стаж во американската телевизиска историја.
Моментно на Фокс се прикажува 25-та сезона од серијата за популарното семејство Симпсон во кое се: Хомер, Марџ, Лиза, Барт и Меги кои станаа глобално препознатливи икони во популарната култура.
Минатиот месец продуцентот Ал Џин рече дека еден од главните ликови во серијата ќе умре, а тоа се очекува во 26-та сезона. За првпат Симпсонови се прикажани на телевизија во 1989 година.