Линкевичиус и Корлацеан на средби со државниот врв

Од:

Министерот за надворешни работи на Литванија и претседавач на Советот на ЕУ Линас Линкевичиус и шефот на дипломатијата на Романија и претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Титус Корлацеан, на 6 и 7 октомври ќе престојуваат во заедничка посета на Република Македонија, соопшти макеоднското МНР.

Линкевичиус и Корлацеан утре ќе имаат средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а в понеделник ќе се сретнат со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Предвидени е и заедничка средба во Собранието на Република Македонија со претседателите на Националниот совет за европска интеграција, Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешни работи и Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет со Европската унија.
На средбите ќе стане збор за процестот на пристапување на Република Македонија во ЕУ во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската комисија на 16 октомври и состаноците на Советот на ЕУ во декември. Ќе се разговара за регионалната соработка во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, информира МНР.

Би можело да ве интересира

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни