Норвешка ја намалува помошта за Авганистан за 2014 година заради спор напредок по однос на правата на жените и борбата со корупцијата.
– Норвешката помош ќе биде намалена од 750 милиони круни (92,3 милиони евра) на 700 милони круни што е намалување за седум отсто, изјави Торгејр Ларсен помошник на министерот за надворешни работи.
– Ги предупредивме авганистанските власти во јули, и сега тоа се случи…Точната сума на намалувањето ќе биде објавена во нацрт-буџетот за 2014 година кој ќе биде претставен на 14 октомври, најави Ларсен.
Според податоци на норвешката Амбасада во Кабул, 87 отсто жени во Авганистан и девојки се изложени на некаква форма на насилство, а 70 отсто од жените полицајци биле предмет на сексуално насилство или агресија од страна на претпоставени.
Авганистан е претпоследен во индексот за корупција на Транспаренси интернешнал.