Audi ќе го претстави најмалиот претставник на Q семејството во 2016 година, пишува германското списание AutoBild.
Ќе биде долг 3,8 метри, но и покрај малите димензии, Audi Q1 ќе има солиден клиренс, што ќе биде и неговиот единствен офроуд адут.
1.4-литарски TFSI бензинец и 1.4 TDI дизел, кој ќе генерира 90 КЅ ќе бидат основните верзии на мотори. Не е исклучена и појавата на SQ1 спортска верзија со 231 КЅ, како и на хибридна варијанта со 1.2-литарски бензински агрегат и електромотор.
Ако се оди според планот, можеме да очекуваме цена под 20.000 евра во Германија.