Чешкиот претседател го поткопува мировниот процес на Блискиот Исток

Од:

Предлогот на претседателот на Чешка, Милош Земан да ја префрли чешката амбасада од Тел Авив во Ерусалим го поткопува мировниот процес меѓу Израел и Палестинците, пренесуваат чешките медиуми повикувајќи се на соопштение испратено од Саеб Ерекат, член на Извршниот комитет на Палестинаската ослободителна организација (ПЛО).

Ерекат, ја повикал Арапската лига и други организации да свикаат вонредни состаноци на ниво на министри.

Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, Земан најавата за преселба на Амбасадата ја даде пред неколку дена, присуствувајќи на свечена вечера по повод „Деновите на Израел” во чешкиот град Храдец Кралове.

Поради тоа што Ерусалим се уште е еден од клучните проблеми на израелско-палестинскиот конфликт, во главниот град на Израел нема дипломатски претставништва.

Земан, во недела ќе замине во посета на Израел, а в понеделник ќе разговара со својот колега Шимон Перес и со премиерот Бенјамин Нетанијаху.

Посетата на Израел, предизвикува големо внимание поради претходната изјава на Земан за израелските медиуми дека Чешка е доверлив и најдобар сојузник на Израел во ЕУ.

Тој исто така и ним им го повторил предлогот за преместување на чешката амбасада во Ерусалим, чиј источен дел Палестинците го сметаат за главен град на идната држава.

Според Земан, Палестинците мора веднаш да го признаат Израел како еврејска држава и да се откажат од барањето за враќање на автономија на дел од Израел.

Наместо тоа, Земан ги советувал да се обидат да се населат во богатите земји.

– Таму е добра економската состојба и затоа може да им биде понудена работа и сместување. Прво треба да одат во бегалските кампови во Либан и во Сирија, каде што е најлоша ситуацијата. Од таму, Палестинците може да одат и во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати каде ќе добијат економски услови за достоен живот. Тоа е решение кое јас го нудам, вели Земан во интервјуто за израелски медиуми.

Чешкиот претседател, уште како премиер во 2002 година предизвика скандал кога во едно интервју го спореди поранешниот палестински лидер Јасер Арафат со Адолф Хитлер. Подоцна, се обиде да се дистанцира од изјавата, тврдејќи дека израелските новинари погрешно го разбрале.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја