Тимошенко го прифати предлогот да се лекува во Германија

Од:

Поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко, која е осудена на седум години затвор, го прифати предлогот да замине на лекување во Германија, соопшти нејзиниот адвокат Серхиј Власенко.

Предлогот за лекување во Германија бил предаден од претставници на Европскиот парламент и Тимошенко го прифатила.

Според Власенко, поранешниот полски претседател Александар Квашњевски и поранешниот претседател на ЕП Пат Кокс му го врачиле на украинскиот претседател Виктор Јанукович и барање за помилување на поранешната премиерка.

Ипраќањето на Тимошенко на лекување во Германија и нејзиното помилување се меѓу главните услови за потпишување на спогодбата за асоцијација меѓу Украина и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски