(ВИДЕО) Сахара Груп појаснува што сакаше Субрата да каже

Од:

Сахара Групација со писмено соопштение реагира на бројните реакции предизвикани од говорот на Субрата Сахара Рој при официјалното обраќање на Мировниот самит.

Секој говор, велат се базира врз сопствени искуства, изградени во една колективна свест и менталитет на една земја и нејзината култура. Различни луѓе од различни култури ќе се соочат со културни разлики и треба да се почитуваат разликите во културите меѓу Индија и Македонија.

Говорот на Субрата Сахара Рој, појаснуваат, е пишуван врз основа на состојбата во Индија, а во некои сегменти се однесуваал за состојбите на глобално ниво, а не само за Македонија.
За делот за сексот, густината на населението и сиромаштијата еве го толкувањето на групацијата:

„Индија е земја со комплетно поинакво социјално и религиозно опкружување отколку Македонија. Таа е втора најнаселена земја во светот со повеќе од 1,2 милијарди луѓе и претставува најнаселена земја со демократско уредување во светот. Во моментов Индија се соочува со предизвикот на население кое рапидно расте, што ги става под притисок ограничените ресурси. Изјавата на господин Рој нагласи дека секоја земја и нејзиното општество треба да се осврнат на балансот на населението и расположивите ресурси. Па така, додека некои земји како Кина и Индија (од каде и доаѓа г – дин Рој) бараат начини за контрола на растот на населението, некои од развиените земји имаат за цел да го охрабрат природниот прираст, кој во моментов е во опаѓање како резултат на материјалната рамка“.

Еве што всушност кажа Субрата Рој:

„Мора да разбереме дека голем дел од луѓето кои страдаат од сиромаштија ќе се приклонат кон уживање во сексот, како едно од ретките задоволства кои ги имаат.“

Сахара Групацијата како дел од својата филозофија го охрабрува вработувањето на лица без разлика на нивното минато. Казнениот систем во секое современо општество е создаден со цел да поправи и рехабилитира. А единствениот проблем на овој систем е социјалната инклузија на бившите затвореници кои затворскиот живот го носат како стигма. Во тој аспект вработувањето на бившите затвореници е најблагородниот чекор што еден бизнисмен може да го направи. Како што истакна Рој во својот говор, токму тие работници кои биле дел од казнениот систем, а сега се вработени во групацијата, се покажале како едни од најквалитетните. Субрата Сахара Рој верува дека на секој човек треба да му се даде втора шанса и групацијата се гордее со тоа.

Еве што пред премиерот, министрите и пратениците кажа Субрата Рој:

„Во мојата организација има многу криминалци, но треба да им оставиме време сами да се променат, па може после ќе се претворат во најдобри граѓани“.

„Коментарот на господинот Рој за медиумите се базира на се растечкиот тренд медиумите да пласираат негативни вести, првенствено затоа што живееме во такво општество и поради сензационалноста. Вестите за војни, бомби, скандали, убиства се се позастапени отколку убавите вести. Никаде не стана збор дека медиумите треба да се замолчат. Наместо тоа, медиумите треба да се охрабруваат да објавуваат позитивни вести, со цел да имаат позитивно влијание на публиката. Самата Сахара Групација поседува една од најголемите медиумски куќи во Индија и ја брани слободата на медиумите“, го појаснува Субрата Рој, Сахара групацијата.
Еве го мислењето на Субрата Рој за медиумите:

„Медиумите имаат негативна улога бидејќи весниците, каналите и слично главно зборуваат за негативни настани и даваат негативни известувања за расправии, убиства, силувања, итн. Ова постепено го става човекот во една затворена емотивна сфера што секогаш води кон зголемена потреба од СЕБЕСИ, без земање предвид на мислењето на другите луѓе и води кон ситуации во кои нема душевен мир. Mедиумите треба да ги намалат негативните известувања и да додадат попозитивни, поохрабрувачки информации“.

Би можело да ве интересира

Синот на Субрата Рој на списокот на спорни гласачи

Емир Латифовиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот со Сахара груп, нема штета по државата

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Ставревски: Инвестицијата на „Сахара груп“ станува реалност

Емир Латифовиќ

МЗШВ ги презеде сите мерки при потпишување на договорот со „Сахара груп“

Емир Латифовиќ

Субрата Рој – Крај на приказната за големите инвестиции

Емир Латифовиќ

Султанот од Брунеи ќе го спасува Субрата Рој

Емир Латифовиќ