(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ гласаше за новиот претседател на советот на општина Струга

Од:

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ од Струга денеска го поддржаа изборот на Абдула Ќазимоски за претседател на Советот на општина Струга. Со ова струшките ВМРО-вци му дадоа легитимитет на новиот претседател, иако пред шест месеци тврдеа и бараа претседател на Советот да биде Македонец, во интерес на соживотот во општина Струга.

Со исклучок на еден советник од СДСМ, инаку поранешен претседател на струшкиот огранок на партијата, кој гласаше за Ќазимоски, останатите советници од СДСМ беа против изборот. Со ова и дефинитивно е јасно дека се става крај на коалицијата „Заедно за Струга“ која македонскиот блок партии ја формираа, со цел заеднички настап на последните локални избори.

Новиот претседател на СДСМ во Струга, Даме Ложанкоски, ги обвини советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека сето ова што го прават било за одредени интереси.

„Денешната одлука на ВМРО ДПМНЕ не е ништо друго туку најголемо предавство на граѓаните на Струга скриено зад лажните проекти на Никола Груевски и целиот популизам. СДСМ сака повторно да се појави пред граѓаните но сега онака како што треба и ќе им објасни дека се било лага. Сите говори, сите трибини, посети сетоа тоа било една чиста лага.Нема ништо тоа. Ова е катастрофа, тоа го знаат и оние кои застанаа зад оваа работа денес. ВМРО-ДПМНЕ отстапи од принципот на коалиционен договор со СДСМ и прифати претседавач на Советот на општина Струга да не биде од коалицијата. По ова непринципиелно постапување на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ја раскинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Отсега самостојно ќе ги браниме интересите на граѓаните на Струга“ рече Даме Ложанкоски претседател на ОО на СДСМ во Струга.

Од ДПМНЕ велат дека и понатаму ќе работат за иднината на Струга и за сите граѓани.

„Зоран Заев си најде начин да проба да ја растури коалицијата „Заедно за Струга“. Се бориме за интересите на Струга и за економскиот просперитет за Струга. Сите оние позитивни проекти ќе ги гласаме, а се разбира ќе бидеме остри кога ќе мислиме дека се работи за друго. Кој е дилот со Села што толку брзо ја сменивте одлуката? Упорно инсистиравте на претседател Македонец, а на крај ја применивте одлуката? Видовте дека гласаше коалицијата „Заедно за Струга“ и нашиот став беше дека ако се исполнат одредени услови да се гласа претседател на совет. Дел се исполнети и дел треба да се исполнат во наредниот период. Не сакам сега јавно да кажам што. Дали условите се одредени вработувања? Не се работи за одредени вработувања туку за проекти“, рече Перо Петковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струга.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“