Член на Ал Каеда испорачан на САД

Од:

Четириесет и тригодишниот Низар Трабелси од Тунис, член на Ал Каеда кој наводно во 2001 година имал средба со Осама бин Ладен, им е испорачан на САД , поради обвинение дека планирал самоубиствен бомбашки напад против Американците во Европа.

Поранешниот професионален фудбалер е уапсен во Белгија на 13-ти септември 2001 година, само два дена по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон.

Тој во 2003 година е осуден на 10 години затвор поради планирање напад на белгиска воздухопловна база, каде што биле стационирани американски воени сили.

Вашингтон веќе подолго време бара Трабелси да им биде испорачан. Агенциите пренесуваат дека во обвинението против него се наведува дека во пролетта 2001 година се сретнал со Бин Ладен и дека доброволно се пријавил да изврши самоубиствен бомбашки напад против америкаснките интереси. По испорачувањето на првото рочиште Трабелси се изјасни дека не е виновен. Судската постапка ќе продолжи на 7- ми октомври.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак