Bentley во јануари 2012 година на Саемот на автомобили во Детроит го претстави Continental GT со 4-литарски V8 битурбо мотор, кој развива 500 КС и 660 Nm обртен момент.
Засилената „S” верзија која премиерно беше претставена на Саемот на автомобили во Франкфурт, доби дополнителни 21 КС и 20 Nm обртен момент, што значи дека Continental GT сега развива 521 КС, при 680 Nm обртен момент.
Големото Купе од 0 до 100 km/h забрзува за 4,5 секунди, што е за 0,3 секунди побрзо од стандардниот модел, со максимална брзина која од 303 порасна на 309 km/h.
Кабриолетот е незабележливо поспор: 4,7 секунди од 0 до 100 km/h и максимална брзина од 308 km/h.