Словенечката владејачка партија го одложи својот Конгрес за да избегне политичка криза во земјата

Од:

Партијата Позитивна Словенија на словенечкиот премиер Аленка Братушек денеска соопшти дека го одлага својот Конгрес за да избегне предизвикување политичка криза во земјата.

Одлагањето на Конгресот на левоцентристичката Позитивна Словенија, што беше закажан за 19 октомври, следи по вчерашната најава на градоначалникот на Љубљана и поранешен прв човек на партијата Зоран Јанковиќ, дека ќе се кандидира за лидерската функција, како противкандидат на Братушек.

Попретседателката на Позитивна Словенија, Маша Коципер информира дека Извршниот одбор на партијата ја поддржал Аленка Братушек како премиер и како претседател на партијата.

– Интересот на државата го ставаме пред интересот на партијата, изјави Коципер, објавувајќи го одлагањето на Конгресот.

Претходно, Братушек се закани дека ќе поднесе оставка на премиерската фуункција, доколку партијата избере нов лидер.

– Факт е дека некој друг ќе треба да се обиде да формира Влада доколку јас немам доволна поддршка во партијата, изјави Братушек.

Оставката на Братушек речиси сигурно ќе доведе до предвремени избори, што би ја забавило примената на серијата антикризни мерки, во време кога Словенија се обидува да избегне меѓународна финансиска помош од ЕУ и ММФ.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски