Наполитано бара воведување патроли крај северноафриканскиот брег

Од:

Крај северноафриканското крајбрежје мора да се воведат патроли кои ќе ги спречуват имигрантите во нивните обиди да дојдат до Европа, изјави денеска италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, по бродоломот во близина на италијанскиот брег кај Лампедуза.

– Неопходно е запирање на криминалниот шверц на луѓе во соработка со земјите од каде имигрантите и азилантите доаѓаат, рече Наполитано. – Од тие причини неопходно е да се воспостави адекватна контрола долж крајбрежјето од каде почнуваат овие очајнички и смртоносни авантури, додаде тој.

Како што јави ДПА, Наполитано ја повика меѓународната заедница и Европската унија да се заангажираат околу ова прашање, нагласувајќи дека е „неприфатливо“ Агенцијата за заштита на границите на ЕУ – Фронтекс, да „се жали дека нема адекватни инструмени за итна интервенцији“.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски