(ВИДЕО) Дамјановски: Со акцијата „Темел“ се штитела државата

Од:

Лустрирањето на Силјан Аврамовски и другите двајца поранешни министри за внатрешни работи како наредбодатели во случајот „Темел’-кој опфаќа следење на видни личности функционери во ВМРО-ДПМНЕ во деведесетите за Чедомир Дамјановски од Комисијата за верификација на фактите нема правна основа. Според него, со „Темел“ се штитела државата и уставниот поредок од насилно уривање и прашува која е разликата со денешното следење на полицијата за секој најавен протест.

„Несакајќи објавија страница која има реченица која се кажува како членови кои биле пратени се изјаснуваат дека „Ако треба ќе отвориме војна, против власта, комунистите и како што пишува, шиптарите“. Тоа го кажав, сега го гледам, го тргнале од сајтот, но и колку да го тргаат ние како членови на комисијата сме го виделе. Целото досие „Темел“, акцијата е од безбедносна природа, големо нарушување на јавниот ред и мир, студентски штрајкови во кои беше поттикнувана расна омраза“, рече Чедомир Дамјановски, член на Комисијата за верификација на факти.

Во објавените документи за досието „Темел“ тогашниот лидер на опозицијата Љубчо Георгивески бил заведен под псевдонимот „Мона Лиза“, Доста Димовска како „Дама“, и тогаш еден од лидерите на студентските протести против употребата на албанскиот јазик потоа и член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Филип Петровски.

lustracija 01

Во досието „Темел“ тајната полиција нотирала дека тогашните лидери на студентските протести воспоставиле контакт со бугарскиот државјанин Иљо Н. активист на ВМРО-СМС кој на организаторите им пренесувал искуства како да продолжат протестите.

lustracija 02
Интерес за актуелните политички случувања пројавила и бугарската амбасада во земјава. Во доситето „Темел“ стои дека тогашниот службеник во амбасадата В’лчов Димитар побарал вработените да ги следат протестите но и по нивни предлог побарале од источниот сосед да дојде ТВ екипа која ќе ги следи протестите.

lustracija 03

Во дел од објавениот документ стои и дека тогашните организатори имале расправии за текот на протестите и начинот на делување.Зоран Петровски-Снајпер и Владимир Змејковски-Лаци брат на Борис Змејковски. Првиот барал мирен протест додека Лаци барал насилно влегување во Собранието за да се достави меморандумот.На крај имало и тепачка.

lustracija 04

Објавените делови од досието „Темел“ сведочат и за расколот во ВМРО-ДПМНЕ и оставките на видни членови од тогашниот Извршен комитет на партијата.Оставаката на потпретседателката Доста Димовска, генералниот секретар Борис Змејковски,и целокупниот Извршен комитет била битка помеѓу бугарската струја во ВМРО-ДПМНЕс предводена од претседателот Љубчо Георгиевски и застапникот на српската струја Доста Димовска.

lustracija 05

Претходно како министри за внатрешни работи, лустрирани од Комисијата за верификација на фактите се професорот Љубомир Фрчкоски и Томислав Чокревски.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска