Измените на Законот за лекови и медицински помагала поминаа во прво читање

Од:

Собранието на Република Македонија во рамки на попладневното продолжение на 72. седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските помагала во прво читање.

Министерот за здравство Никола Тодоров образложувајќи го предложеното законско решение рече дека меѓу најкрупната измена е воведувањето паралелен увоз на лекови и медицински помагала од Турција и Русија. Според него, станува збор за паралелен увоз на лек кој е регистриран во Република Македонија, а целта е да се направи притисок да се намали цената на лековите и медицинските помагала, што би довело до сериозна заштеда.

– Паралелен увоз е кога еден лек кој е веќе регистриран во Македонија и го произведува една компанија. На пример лек на „Баер“ наместо да се купи од Македонија да се купи од Грција, Турција, Холандија и Германија. Значи истиот тој лек со истото име, со истата активна супстанца да се увезе, појасни министерот.

Тој додаде дека покрај ова со измената се регулира и обврската лекарот и фармацевтот да водат сметка за несаканите дејства на лековите, се предвидува можноста за отворање аптеки во рурални области, како и неможноста да се акумулира маржата на прометот на големо меѓу две веледрогерии.

Парламентарното мнозинство ги поддржа измените, кои смета се за доброто на граѓаните, водат кон поголема конкуренција на лековите, поевтини лекови и поголема заштеда на здравствените установи и граѓаните. Сметаат дека не треба да има сомнеж во квалитетот на лековите и помагалата што доаѓаат од овие земји, кои се големи пазари и имаат и поразвиен здравствен систем.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага