Деловната заедница да не ги дискриминира лицата со попреченост

Од:

„Улогата на деловната заедница во инклузија на лицата со попреченост“ беше тема на тркалезната маса која се одржа денеска во организација на Националниот совет за претприемништво и конкурентност (НСПК), во соработка со проектите на УСАИД за унапредување на извозот и инвестирањето во е-пристапно образование.

– Една од целите на Националниот совет за претприемништво и конкурентност е да ги едуцира своите членки за недискриминација на лицата, односно да обезбедат еднакви можности за сите и со тоа да не ги дискриминираат лицата со попреченост, рече Горан Лазаревски, претставник на Националниот совет за претприемништво и конкурентност.

Посочи дека и понатаму ќе се работи на зголемување на знаењето за улогата, придобивките и општествената одговорност на деловната заедница во процесот на инклузија на лицата со попреченост, како и во намалување на јазот и предрасудите во врска со работната способност на лицата со попреченост.

На настанот учествуваа претставници од Министерство за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Македонија, Националниот Совет на инвалидски организации на Македонија, претставници на деловниот сектор, како и релевантни институции и невладини организации кои работат во за заштита на правата на лицата со попреченост.

Учесниците се здобија со точни, прецизни и најнови информации во врска со политиките, правилата, процедурите како и придобивките кои државата ги нуди при вработување на лицата со попреченост.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Граничниот премин Ќафасан ни го опремуваат Американците, со донација и техничка помош

Жарко Настоски

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Дополнителна поддршка од 15.929.675 долари од УСАИД

А1он

САД би можеле да ја укинат цела помош за БиХ

(ВИДЕО) Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството